ржи несв.

ржи (несв.)

Крај трупот Кузманов со тага коњот 'ржи; и уште беше тој во крв; ја копка земјата и лад со гривата му држи на стопанот и другар прв.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Со ноздри раширени 'ржеше коњот во пена - другар во триумфот жнеан; тој гордо ги газеше телата бедни што стенат ... Тажни стоновите беа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ни ја нема гитарата што збрани нѐ држеше дур сестра нѐ натера в сон, а ветерот низ паркчето облеано `ржеше како одврзан, запенет коњ.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Оттука Качак почна да заостанува, да `ржи и да го проѕира мракот со пламенот на комитските очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се враќа со неколку црномурни дечиња во очите. И најубавото од нив И го фрла на својата празнотија. За да 'ржи посилно.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Париз `ржи ранет, Варшава до појас в гроб и го копа гробот на смртта, Прага се грчи в мрак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Не застанувај ми отспред! - сподавено ’ржи тој.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Продолжуваше и буден да 'ржи и да чкрта со забите и не ни помислуваше да престане со тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На стариот Караман оваа детска палавштина не му се допадна, па почна да ‘ржи, да се отима, додека Стрела, која беше летошно кутре, ја прифати оваа детска лудорија како знак на највисоко внимание .
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Црвен коњ како црвена луња светка на месечината. `Ржи, трча низ ноќта околу стожерот, Скока врз згаснатото сонце на ожнеаното класје И жестоко го втиснува со копитата датумот на јули врз огнот на заспаните љубовници.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во јули застанат во вашиот двор да ја кренам раката наспроти сонцето и внимателно движејќи ја низ воздухот да се одрзува сенката на секој нејзин потег како оган што да го нагризе ѕидот сѐ дури мислата на тој цртеж не се вглоби во душата на каменот сѐ дури среде ова болно јаве на животот ѓаволски убава одново не се покажеш ти наведната како му ги замиваш раните на вашето болно ждребе и гледаш на мапата на неговата засушена крв пат што скршнува кон вилински езера и коњ на патот што `ржи самоти ѕвездите и стебленце бела бреза што се ниша над младичот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Речиси сите кучиња лаат заедно. ’Ржат, квичат, завиваат. И лаењето преоѓа преку река.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во болка, раскрвавен како рането ѕвере, секој ден 'ржеше, на секое место во домот го демнеше Кејтеновиот син, се спремаше за најстрашна одмазда.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И само 'ржи, виска.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Дојди. Слушаш ли загарката веќе не квичи. 'Ржи, се оѕверува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ги џвака огнот гранките, се дели кората од дрвото. 'Ржат коњите, пиштат змиите, и сѐ бега ко без глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред нив се дават кучиња. 'Ржат, подојдуваат и се завраќаат со окрвавени муцки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе почнеа да го дерат и да му ја чистат утробата, по миризбата дотрчуваа сите селски кучиња, се собираа наоколу, 'ржеа, квичеа, завиваа, се впуштаа да вчапат од трбушката.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Море мајката ваша!... - викаше тој и 'ржеше бесно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Почнаа да викаат за помош, се разбудија соседите, дотрчаа, започнаа и тие да помогаат, да влечкаат садови со вода, да гаснат; се фрлаше вода на пламенот кој сѐ повеќе се ширеше и ги зафаќеше сувите плотици од чардакот и се качуваше нагоре кон одаите; коњот исплашен во кералот, напна на оглавот, го скина и излезе низ запалената врата бегајќи и 'ржејќи панично.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе