рефлексија (ж.)
Нека читателот, сепак, не се залажува од ведрината која се добива од читањето на ова дело: ако алегоријата, претставена од еден од најоригиналните и најзначајни писатели на современата литература во Македонија, мошне богата но често непозната на Запад, претставува според повеќе обележја силна лекција на надеж, ова дело сепак не постои само како трагичен сказ, како рефлексија преточена низ мали импресионистички допири како на клавијатура, но опстанува со својата голема длабочина наспроти опасната суета на идеологиите кои сакаат да направат еден нов човек, низ спасувачко посредство помеѓу непостојаноста на феномените, генерално, и, посебно на посебната нестабилност која владее на Балканот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Зјапам во мојата рефлексија на огледалото. Изгледам фино.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Така, Беркли тврди дека спознанието е поделено - сѐ што запазуваме, запазуваме или непосредно или посредно: со осетите или со разумот и рефлексијата’ (12), но ‘ние го сфаќаме нашето сопствено постоење со внатрешно чувствување или рефлексија’ (13).
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Од друга страна, дискурзивно пишуваната философија воопшто не е погодна да ги артикулира горливите прашања на времето, нејзината рефлексија не ги допира акутните проблеми.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Се сеќавам на тебе со коса собрана под сивата беретка, се сеќавам на рефлексијата на твоите високи монголски јагодици во излозите на древните дуќанчиња.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ова се рефлексии за урнеците. Понатаму нема да ги разгледувам националните карактеристики во скорешната уметност. Направете го тоа сами.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Мандала е основниот визуелен израз на мозокот, што е едноставно рефлексија на она што мозокот го „гледа“: зеница, полно дигитални оптички точки, стапчиња и чепчиња, со слепа точка во средината.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Мојот дом е меморија е текст е приказна 43 Насловот на мојот текст, “Децентриран Дом”, е рефлексија на вашата тема (им вели волкот на прасињата фатен во сателитските микрофони на ловецот кој на своите многубројни екрани посматра...).
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Па сепак, се чини дека фасцинацијата со средиштето најпогубни последици има во подрачјето на општествената рефлексија - во сферата на идеите што општеството ги произведува за себеси, во точката во која се одвива трескавичниот обид за разбирање на политичките, општествени и културни процеси што доминираат со нашите животи.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Да се артикулира темелот на таа нова свест која е во процес на обликување и рефлексија.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Промовирањето на апликацијата на новата технологија како основна стратегија веќе има своја рефлексија врз помладите автори.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Како што веќе нема непосредно автентично доживување на уметноста, туку тоа доживување секогаш однапред е детерминирано со теорија, критика и рефлексија на уметноста, така веќе нема ни автентично доживување на непосредната историчност.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ваквите гледања на тетка Боса јас си ги објаснував како рефлексии на оној настан што веќе го спомнавме кога прежалениот мртовец, Благоја, наеднаш ни тропна на портата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Лежев и гледав во таванот како да набљудувам ѕвезди. Тоа беа рефлексии од џагор, забава и понекоја пијана мисла.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Стаклени опсервации на зборот. Прекршена рефлексија на интерпукцијата.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Несомнено дека настаните по потпишувањето на договорот за пристапување на Кралството Југославија кон силите на Оската имале своја рефлексија и во делот на Македонија во рамките на Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)