реторика ж.

реторика (ж.)

И како што се размешаа јазиците и наравите и обичаите, наредбите и законите и искуствата*: на Египќаните - геометријата, на Персијанците, Халедеите и Асирците - астрономијата, гатањето врачањето, маѓепсувањето и секаква човечка вештина; на Евреите пак, светите книги, а во нив е пишано дека Бог го создаде небото и земјата и сѐ на неа и сѐ по ред како што пишува; а на Грците - граматиката, реториката и филозофијата.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Од друга страна, таа разлика претпоставува дека филозофскиот дискурс е сосема нелитерарен, дека е слободен од метафори и реторика, и дека сето реторично и метафорично во него е пропаѓање и незгода.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Класичната филологија и компаративната книжевност, лексичката статистика и етнографијата, социологијата на јазикот (на масата) на одредена класа, формалната реторика, поетиката, студиите за граматиката се комбинирани со цел да се разјасни актот на преведувањето и процесот на „меѓусебниот живот на јазиците“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како и многупати на ова речиси безизлезно надреалистичко патување во родната земја, кога барабанската реторика на моите водичи ме исклучуваше со мислите, за среќа, во свеста, повторно ми се отвораше вратата на сеќавањето на семејниот дом, на Мајка и на Татко, со сите во семејството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Носечката улога понекогаш на исклучително смелите слики, чиишто граници на полисемија далеку ја надминуваат нивната фунција во „нормалната” проза, исто така е лирски елемент, додека склоноста кон патетична реторика ја создава допирната точка со драмата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Најкорисните написи за читателите заинтересирани за современата уметност се написите за деструктивната реторика на авангардата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Гамбони ја анализира „метафоричната иконокластика“ на авангардата, но никогаш не сугерира дека постои директен каузалитет помеѓу деструктивната реторика и постоечките случаи на вандализам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како резултат на реториката на Студената војна и трката во вооружување Мецгер ги прочистува дијалектичките аспекти на својата теорија проширувајќи ја Авто-Деструкциската уметност во Авто-Креативна уметност и брусејќи ѝ ја идеолошката димензија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Требаше уште, од двете страни, актерски да се одигра среќното заминување со сите облици на вообичаената празна реторика.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Тој црпи од талкачката енергија на градот“, ќе запише во една пригода Елизабета Шелева по повод „пешачката реторика“ (Марк Оже) на овој автор, „сродна на духовниот хоризонт на номадизмот“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Не вревете, Атињани“4 јавните места, амфитеатрите и пантеоните ги имате за провод и лесен живот за парење и галење слугите не се за отфрлање ни робовите, млади и помлади не сте вие, граѓани од неслобода засегнати од немаштија и немоќ, напротив вие гласате, беседите, мезетите вие освојувате и патувате наследувате и ќарите мажи многубожни и безбожни дури време е, скрасете се доста пребиравте меѓу реториката и политиката меѓу мантиката и математиката во вештини, о самољуби, доста се огледувавте се наттрчувавте и надмудрувавте заговаравте и преговаравте недоветни доста се правевте: сиромашните се собираат по плоштадите агорите и аулите првин тивки и потем бучни првин слаби потем силни првин малку потем многу!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Истражувањето нѐ потсетува дека сеприсутната реторика на ’глобализацијата’ и нејзиното навидум непостоење на граници често служи да се затскрие постоењето, како и политичкото значење, на границите во современите геополитички конфигурации.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Итај право кон Сонцето Зауздај ги кочиите на Фаетон Итај право кон мудроста Совладај ја филозофијата на Платон Итај право кон родољубието Следи ги делата на Катон Итај право кон музиката Сакај ја песната на Шпато Итај право кон стратегијата Проучи ја реториката на шахот Не итај право кон бездната Одбиј ја трезно религијата на Ех(нато)он 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Упорно се задлабочуваше во текстот, прашувајќи се себеси каде греши, што е она што таа не можеше да го види, да го спознае, а сите други (компетентни и некомпетентни по тоа прашање) го согледуваат и му оддаваат огромно признание; што е она толку посебно, толку необично заводливо што тој го поседува во себе, во својот стил, во својата реторика и техника, во својата методика на пишување, што на другите им недостига.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сето тоа на пиесата ѝ дава можност да изгради јасна, разбирлива реторика.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Постоеше опасност Камилски да забразди во својата бесцелна реторика, да ја заборави првичната мисла за што беше, впрочем, и посветен ручекот: да се проверат на маса најзадржаните османскотурски заемки од областа на кулинарството, односно гастрономијата, како што тој претпочиташе да рече.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Осветлувањето, изразите на лицата, гласовните промени, музиката, аглите на кадрирањето и визуелната реторика на класичната кинематографија на холивудскиот филм ноар [црна серија] значително повеќе придонесуваат кон ефектот на филмот врз гледачот отколку самиот текст и редакцијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сосема е разбирлива неговата претерано надоместувачка реторика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)