реска (ж.)
Порано, пак, Словените немаа книги, туку се служеа со рески и цртички, читаа и гатаа исто како и многубошците.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Стана, остро зачекори, загледан во светлата реска на прозорецот која избледуваше и тоа како да го дразнеше па со поголема жестина ја излеваше својата огорченост од човечката слабост и плашливост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Човек толку би бил изморен од живеење што во животот не би имало ни реска од рај туку открај накрај тој би бил само пекол.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Кренат гори в лесни танци - занишан рог - реска страст; милозлив во меки ланци вилнее со пребрз раст злат заводлив јасни краци до невратна злокоб- сласт распенет во горки зраци нечитливи строи знаци сводот слеп од таа власт. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 140
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тука се спушта пердето
реската разлика
која ги двои луѓето
и од нив прави
некој друг
секогаш друг
мизансцен!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Прекумерност
Ѓаволот во нас
рески рецки реди
замерки клава:
лебот крцка
маслото масти
езерото е слатко
морето солено...!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ме восхитува твојот говор без аскеза
без пауза клесан ко глинен глаголски натпис
обоен и обол, со густ внатрешен
ритам на мит и лира
на плот и жедба
твоето лице ко отсутност изгребано
ко ѕидини на древни светилишта
од рески и црти
шифри и датуми
ко забранета и жигосана книга
по којашто се топела душата
и го прелевала својот акварел
не повторувајќи ниту еден
потег.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)