реквием (м.)
Неговиот Реквием со кој ќе ја испратиме душата на удавеникот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Како кошаре се отворив
со матарка се премазав
да се помамиш по мирисот
да ми дојдеш
матицо моја
станав кревок и подгорен пергамент
мозаик незаштитен со песок
непрекриен со мрак
се оптегнав како апсида
за да стапнеш, конечно, во мене
со поглед вперен угоре
налик на реквием или псалм
одекот да ти биде
длабок.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Значи, творечката скепса, критичкото соочување со сопствениот текст, разбирливото задоволство толку својствено на творечкиот чин, ја одредија за подолго време судбината на Реквиемот.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Децениите што новите песни ги делат од првите, свесно и како творечки поттик и постапка ги искажуваат своите поетички разлики и во јазикот и во ликовните и звуковни својства, и во версификацијата и структурата на песните и во градбата на реквиумот.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
При разгледувањето на поранешните ракописи, читајќи ги десетината првични песни на таквото доживување на Рацин, како навраќање на нив, ги напишав првите и последните стихови на Реквиемот, со сензибилитетот и со поттикот тој да заокружи и заврши со духовното и поетичкото искуство на сегашниот миг на моето творештво.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Кога крилјата се подготвени за летање бргу се долетува до гнездото на сопствената болка од сопствената шака си ја лижеш изгубената радост и ја ишкаш смртта од струните на виолината ноќни сенки излетуваат од акордите на вердиевиот реквием и им ги бришат челата на публиката лачени ноти скокаат низ историјата и се потат во чевлите на диригентот звуците на животот како лилјаци се удираат од ѕидовите на вечноста од суво усте лушпе ореово се разлева кон реката вердиевата чаша вино отаде реката последна причесна и школки на суво - на клапнатите музичари им намигнуваат.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Бев во нижите години на осмолетката „Маршал Тито“ кога Бубите од Ливерпул го испеаја својот реквием. Беше тоа мелодијата „Облади-Облада“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)