резили (несв.)
Ме резилиш пред луѓево. На ништо не личиш. Како вдовица. КРТОВИЦА: Што им фали на вдовиците?
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
После му ја грабнал жена му, болешлива старичка, и ја резилел пред насобраниот свет.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Крадец на крадец ништо не му краде и откога Прометеј се истопори во центарот на Скопје (првин угул гол потем со наметка на алтипатлакот) и свика на бадијалџиската толпа: аманте бре, луѓе, за тоа ли толку се резилев и го маткав оној зевс додека му го дрпнав огнот на хефест за тоа ли се мачев да ве научам како се пали огнот - за вие да ги распалите сите шуми и гори македонски сите до една опеани во заборавените народни песни - колку огнови сте украле, толку пожари да распалите.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)