резба (ж.)

Ѕидовите се украсени со народна резба. Долапите се вградени во ѕидот.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Од таванот украсен и ишарен во средината и на четирите ќошиња со длабока, на орево дрво, изработена резба, висеа големи гроздови миск, лисиче, каланпарај и друго грозје зачувани уште од есента, повеќе за личнотија, бидејќи за јадење се пазеше во мусандрите одбрано грозје.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во Ресен соѕида голема куќа со длабоки ќерали, со резба украсени одаи и широки чардаци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Влегоа во гостинската одаја со долга трпезна маса и столбови од резба, шарен ткаен килим на подот, ѕидана печка во ќошето, тесни прозорчиња со бели платнени пердиња собрани на средината со ширит и запнати за рамката од прозорецот да влегува повеќе светлина; на челниот дел од одајата иконата на свети Наум со запалено кандило; на едниот ѕид стара слика на манастирот; на средината од масата свеќник со свеќи; на полицата над масата газјена ламба од бел порцелан.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Им го покажа и иконостасот работен во длабока резба, богат со орнаменти на фауна и флора, со позлата и со живописни икони: распетието Христово, Влегувањето во Ерусалим, Лазаревото воскресение, Раѓањето на Богородица, Собир на Архангелите и други светци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И во средето на светот столб златен видов, столб што се извишува во висина на човек, во резби раскошни, од рака нечовечка сочинети, со какви што ниеден свешник на лицето на земјата не е украсен; и на врвот од столбот – плоча златна, четириаголна; и на неа – Книга во папокот на светот, чаша со питие небесно, Слово Господово!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во долината на Радика се наоѓа и манастирот Свети Јован Бигорски, културно - историски споменик од XIV век, со чудесен иконостас во резба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мирисите на старо во просториите, миндерите, долапите, резбата на таваните, долапчињата, синиите и другите старински предмети, го натлачија Сликарот со необично чувство, кое не можеше да си го објасни.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Вратите на собата беа во чудесна резба, како и долапите и мусандрите, а дрвените тавани со форми на баклави, позлатени и обоени во разни бои.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На ѕидовите имаше повеќе дрвени резби во различни величини: со обични мотиви како на пример грст гроздови, рибар на река, водопади.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Гледајќи во двете ископачени букви на длабоката резба, чувствата ѝ беа одвоени како вода и масло. Бистрата вода остана на дното.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)