резанка (ж.)
Нешто како растурен сендвич: танки резанки мешан кашкавал, уште потанки салама од соја, листови зелена салата и по некоја останата маслинка. Вкусно за око, уште повкусно на јазик.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ги редеше на штицата коцкестите резанки бел леб за сендвичи, ги премачкуваше со путер и од нив направи сендвичи.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Внимателно ракуваше, педантно ги редеше во кутиите за храна нежно завитканите сендвичи и овошјето, како и танките резанки сирење, сѐ убаво спакувано, ништо да не се згмечи.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Кети сечеше танки резанки од големото парче сланина и ги редеше парчињата во големата челична тава со бакарно дно и црна пластична рачка.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)