режисерски (прид.)
И така викендов по дома организиравме воени вежби налик на оние СВОЗ-манифестации што на времето се одржуваа во нашата месна заедница Тафталиџе Два: Јасна ми бира кошули што најдобро ќе го одразат мојот буен режисерски талент, мојот адвокат Пол ми пишува говори што ниту за две години не би можел да ги научам, на балконот на Нено и Милена е формиран кризен штаб за заднинска поддршка, а јас визионерски шетам низ дневна замислувајќи како во блиска иднина Рихана ме преколнува за соработка.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Разликата помеѓу нив и сурушите беше што овие вторите беа дебело платени за својата хушкаторска и режисерска професија.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Неговата режисерска професија неретко успеваше да ја примени во партиските сплетки за кои прецедателот Џони Вокер имаше брејнсторминзи и по десетина во минута.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)