регрес (м.)
И кога, посебно во земјите од источниот блок се правеа грешки, немаше исправки, гледање назад, регрес. Но грешките никогаш не се признаваа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А во шоуто Бил со невиден шарм, духовитост и сарказам мама ебава на сиот можен регрес и репресија, малоумни предрасуди, ретардирани заблуди, политичка подлост, јавна злоупотреба, масовна глупотија... односно, со сите криви Дрини на вечно правата Америка.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Тоа и беше сторено со Општиот колективен договор за стопанството (10.VII.2009) – според кој „со колективен договор на ниво на дејност се утврдува висината на регресот за годишен одмор и новогодишниот надоместок“ (чл. 35, ст. 1, ал. 8).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Треба да се нагласи и тоа дека иако со измената и дополнувањето на ЗИПРМ од 2008 година се воведе концептот „бруто плата“, надоместоците (регрес за годишен одмор и отпремнина при заминување на работниците во пензија) продолжија да се пресметуваат врз основа на просечната месечна нето плата по работник во стопанството објавена до денот на исплатата (чл. 4, ЗИДЗИПРМ/08). 185 3.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Понатаму, со ЗИПРМ (1994), беше предвидена можноста регресот за годишен одмор да биде исплатен во два дела.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Начелните ставови и начелните правни мислења што ги утврдува Врховниот суд на РМ на општа седница се задолжителни за сите совети на Врховниот суд (чл. 37, ст.2 од ЗСуд). 139 Кирова против Дервен Спор за укинат регрес за исхрана1 Prima pars aequitatis aequalitas.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
9. Не беше прифатено само барањето за исплата на регрес за годишен одмор, односно популарно наречениот К-15.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, од оваа несреќно формулирана одредба се гледа дека ингеренцијата за определување на висината на регресот се делегира на пониско ниво [со грански колективен договор], а такви во РМ се склучени многу малку.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)