револтиран прид.

револтиран (прид.)

Мисирков бездруго со право бил револтиран од практиката на ТМОРО што се служела со бугарскиот литературен збор во својата дејност, како и од активноста на некои егзархиски учители што толку ревносно го воведувале тој јазик во македонските средини. 156.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во салата се понесе едно потиснато шушкање што требаше да значи: зачуденост, сожалување, а можеби и револтираност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Здодевноста кај Арсо се претворуваше во револтираност. Нешто во него се бунтуваше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Револтирани од тоа, тие решиле да ја дадат на Судот споменатата изјава што требала не само да го демантира тврдењето за предавство на гемиџиите, туку и да го понижи и деградира Гарванова како револуционер.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Потоа револтирано и демонстративно ја напуштам училницата и ја трескам вратата.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Оваа размисла ја бев наследил од Татко, но подоцна ја сретнував кај современи филозофи, посебно во есејот Револтиран човек на Албер Ками.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Револтирано промрморев: „да имаше волку храна баба ми дури беше жива, немаше сега да ја закопуваме“.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Револтирана од ова, Зефиќ вели дека „оваа инспекција кај нас за џабе постои“ и со право констатира дека трудовите инспектори, при било каква реакција од работник, само одат кај директорите „на посета и муабет“, попатно го бараат досието и божем прават записник – а сѐ со цел да го прикажат во нивните извештаи и да покажат дека нешто работат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)