раштиман (прид.)
Капелата свиреше и гласот на една пејачка мрзливо излегуваше однатре заедно со цимбањето на раштимуваните инструменти и тапо удираше по ќепенците на затворените дуќани...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Најстарата, тета Наца, во својата деведесетта, од прстите глисти ги изникнуваше Шопеновите полонези на раштиманиот метален пиано.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Дуда веројатно сметаше дека за да легнат туѓите прашања во моите раштимани мисли потребен е ангажман и на рацете а не само на зборовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тие расштимани звуци навидум внесуваа живост во депресивната атмосфера од третата окупациска зима на островот. Лука Карер шеташе вдолж молот и досадувајќи се, со врвот на големиот црн чадор со дрвена дршка, ги допираше металните бочи на пристаништето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
А тоа значеше докторите да не трчаат брзо по ходникот со дрвените кломпи, да нема пискотници и врескања, и онаа одвратна стара количка да не свири како раштимувана виолина и да не квичи заедно со несреќницата легната во неа, свесна дека одлежала залудно денови, месеци... Долго, но не и доволно долго.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)