расчленува несв.
расчленување ср.

расчленува (несв.)

Напати му се причинуваше дека се тоа бранови што се креваат, шумат, се пенат и тамам да го поклопат се расчленуваат на најразлични бои кои треперат, треперат додека не се претворат во шарени кругови кои се вртат, се вртат околу него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе ги собира, ќе ги расчленува и малку или ништо од тоа ќе употреби и ќе им предаде на своите пријатели.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Оваа книга, за разлика од онаа на Douchet, е подробна анализа на неколку Хичкокови филмови (Север-северозапад, Психо, Птици и Марни) кои се расчленуваат сцена по сцена.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа се дела, чии што главни естетски и онтолошки концепти се расчленуваат на: 1) губење на длабочина, 2) површни ефекти (тематизација на „близината”), 3) естетска инсценација на нови технологии и медии, 4) зачекорување во виртуелни, алтернативни, паралелни „светови”, 5) симулирање на комплексното осознавање во смисла на визуелна, аудитивна и тактилна перцепција, 6) преод од аурата кон гламурот, 7) интерактивност, 8) генеративна репродукција на уметнички дела.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За жал, аргументите што ги потегнуваат националистите, шовинистите и фашистите, народот сѐ уште ги смета за правилни, бидејќи толку се запарложил во својата мрзливост што едноставно му е премногу да мисли, расчленува, да ги динамизира психата, општеството, самиот живот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Така си ги расчленуваше поединостите од почетоците на нивната поранешна врска додека ја отвораше третата фиока за да го послужи а потоа наеднаш во себеси заклучи: остави ги спомените, нека седат внатре, во фиокава, а ти бркај си ги задачите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Негде од своите облаци тој мирно расчленува: - Несреќникот!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)