расчисти св.

расчисти (св.)

Тие би можеле да имаат и смелост и дрскост да ни се истоварат овде, да расчистат со нас и... од атентатот да не остане ни помен.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А што е најважно - и сметките ќе бидат расчистени за сѐ што беше досега: и за колибите, и за предавството на Мира и за она фалење од Буза дека е подобро Лагачот да живее в шума или негде далеку и скраја од земјава, зашто еден ден ќе биде ликвидиран, само да му падне в рака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ама пред мене расчистено. Кај сакаш, ми велат:ја Америка, ја дома.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
За тие неколку дена растребија и расчистија како на времето спроти пазарен ден.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Целата долина, од оној врв, Чукарот, кој како шилец се вишеше над столетната букова шума од северната страна, па до Рамните Ливади, три, четири километри подолу кон југ, се викаше Гогов Валог, според името на некој пра-пра Бојанов дедо кој ги расчистил и разорал плодните падинки покрај поточето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Госин поручникот ќе го расчисти ова, - рече фелдфебелот и нареди да се направат носила.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јас, со прво, не знам кај сум и ги тријам очите да ми се расчисти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас не излегувам од Русија, вели, додека не расчистам со Захаријадис.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Станува претседателот на привремената влада на Грција, Димитриос Парцалидис: — Се собравме, вели, за да расчистиме со некои ставови во писмото што дојде од Скопје и во врска со улогата на НОФ, АФЖ и НОМС, од нивното формирање до денес.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Е, ова треба да го расчисти вашиот одделенски раководител.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тие, да сакаа, можеа лесно, еднаш засекогаш, да расчистат со татко ми и неговото пријателство со Чанга, само врз основа на списокот од неговите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да, со татко ми можеа секогаш лесно да расчистат, но се плашеа од Чанга, Татко ми, впрочем, не беше толку наивен за да не насети од каде демне опасноста, тој секогаш некако, дури инстинктивно, ја насетуваше, и кога за тоа немаше конкретни индиции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Откако ги изложивме двете спротиставени тврдења на мултикултурализмот и на неговите непријатели, сега мораме да ја расчистиме улогата на интелектуалците. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 11
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Заменикот на Водачот носи на главата качкет и облечен е во нешто како униформата на кинеските раководители, макар што со Кинезите Албанците конечно расчистија на сите полиња.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Без познавање на контекстот, тој знак може да се „чита” на најразлични начини - некој копал / некој ќе копа / некој токму копа / некој расчистил / некој сопрел / некој препречува одрон - или дури (како што откривме во натпреварот за најапсурдно толкување на знаков) дека некој се обидува да отвори чадор по ветровито време! Маргина 36 191
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сепак не можев да се воздржам: - Кај нас со Сталин расчистивме уште во 1948-та.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Гледајќи ме строго и заканувачки, рече: - И згрешивте, многу згрешивте што божем „расчистивте” со Сталин.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И со бомбардираните места од кои прав од малтер се виореше во воздухот, а трње стрчеше над купиштата отпадоци; и со местата на кои бомбите беа расчистиле поголеми парцели и на кои никнеа сиротински колонии од дрвени живеалишта како кокошарници ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој предложи да се сокриеме некаде и да ги следиме (сега разбирам дека и тој беше погоден колку и јас и дека сакаше уште таа вечер да расчисти со Луција: колку смешно – што да расчисти, кога ниту јас ниту тој немавме ништо со неа?); така ќе сме виделе која е девојката со Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А кога станавме од земјата, и кога облакот се расчисти, видовме: скалата на отец Кирил си стоеше сѐ така негибната на карпата Бехистунска, угоре кон небото; и кошницата негова над бездната си стоеше, и тој во неа, негибнат сосем!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе