расцвет (м.)
Во слободните балкански државици, одвреме-навреме, македонската интелигенција, без разлика на пропагандите, треба да организира свои македонски собири, на кои ќе се разгледуваат и ќе се решаваат прашања за духовниот и националниот расцвет на Македонците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Асоцијативни тези:
- и по петнаесет столетија
Стоби е осамено и мисли
на сопствениот расцвет;
-носталгијата се зголемува
пред свеста дека минатото не се враќа
туку се обновува во нови форми;
-човекот, Стоби, човекот;
-барајќи ја одново втората половина
на дваесеттиот век
се наоѓаме во состојба во којашто
се измешани старото и новото време;
-мртвите жители на Стоби се билките
и тагата, урнатините што ги прават убави и живи;
- Стоби живее.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)