расформира (св. и несв.)
Во мај 1944 година Грчката комунистичка партија го расформира СНОФ (Словеномакедонски антифашистички сојуз) што предизвика голем револт кај македонското насление.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Три месеци подоцна, ПТЦЦ била ненадејно расформирана, без да се каже зошто.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Прегрме војната, Егејската бригада по борбите со балистите ја расформираа надвор од Гостивар, борците ги растурија по разни служби и тој почна во себе да мисли дека дојде време по македонската земја веќе да не се копаат нови гробови.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)