растопи (св.)
Ти си од восок направен и нејзината врелина ќе те растопи. - Циник...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Мислеше: ако сѐ уште го најде жив дедо му Тренко, ќе го задави: зашто дедо му беше виновен за сето она што му се случи на Тасета.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ноќниот воз, во оган и бес истрелан низ шините, се издигна и исчезна над студената земја кон север, оставајќи црн чад и пареа за да се растопи во застоениот воздух, неколку мига откако мина и замина засекогаш. 90
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Бравата на вратата од мансардара се растопи. Вратата се отвори.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Неговото пијано е кристал, кого завиткувањето во топол филц требало да го растопи, како и многу други културни објекти кои ги завиткал за да ги врати во живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Можев да се растворам, растопам, да пловам и летам.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тој лежеше во својата агонија и измамата му се растопи во многу живи лаги што ползеа како слаби жаби, гуштери и змии.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Се вика Нескафе, ќе загрејш вода да зоврие, ќе клајш едно лајче од кафево во поголема шоља за чај и то веднаш ќе се растопи.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Огромна и закоравена санта мраз пливаше во мојата утроба и бев свесна дека ќе потрошам многу огрев за да се растопи.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Мислеше дека тоа е погодниот момент за да го растопи и последното парче мраз што Никодин го носеше во душата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)