растоварување (ср.)
И така направи. По растоварувањето на добиците, отиде право кај агата на дуќан.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А и воопшто, штом го навалил бесот, тоа бил момент и на растоварување од товарот на настаните што го носел од пред толку години.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
И додека траеше растоварувањето на сандаците и товарувањето на ранетите, крадевме од времето за да дремнеме, да исправиме нозе и грб. И назад.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Моторите не ги исклучувавме. Сѐ додека траеше растоварувањето, резервоарите ги полневме со бензин и кога ќе слушневме дека е готово, свртувавме и право во магазините.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)