растовара (несв.)
За да не им студи на децата, одделни родители растовараа по некое магарешко товарче дрва годишно, меѓу кои прва беше Доста Рожденката.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во секоја куќа светеше борина, шеткаа жени низ куќи, ги растовараа мажите добиците со сено, трева, дрва; се прибираа аргати од работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мислиш некоја тежина од ноќта изнесува, растовара. Така бучи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дење растоварале вагони, вели, некои стоки за војските растоварал, вели Огнен Ѓорго, и кутии со јадење, затворени некои кутии, запечатени, вели, така го чувале јадењето за да не се расипува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се колнам беше сѐ забележано, од првиот ден, од часот кога ги растоваравме дрвјата, нашиот разговор, капутчето, распараниот астар на капутчето, пазувата каде што го криел дрвцето, местото каде што работел, местото каде што ги закопувал делканиците, делканиците како факт, ножето со кое копал по дрвото, сѐ, сѐ имаше во тој реферат, семожни глупости.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Луѓе мои, работевме. Растоваравме дрвја, ги носевме од едно на друго место, ги сечевме, ги средувавме, правевме секакви мајстории.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Има ли доброволци што сакаат да одат да растовараат? - праша Евдоксија, а потоа слезе од бината, отиде потаму во игралиштето и викна: - Доброволците да се постројат по двајца покрај мене!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ги растовараат со окрвавени преврски по главата, по трупот, по нозете и рацете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Некои од мажите, а особено децата на Богородица и на Вангел Русјаков за дневница колку за леб го растовараат јагленот од утро до мрак.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
На тој ист колосек се растовараат дрва за огрев, а и камен јаглен за потребите на претпријатието што тргува со секакви материјали од дрво и железни телови под името Огрев.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Некои веќе се растовараат, сѐ што има во вагоните фрлаат надвор!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Стоеше до камионот од кој растовараа садници канадски тополи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Кога шумарот ќе фатеше некого, дрвата му ги растовараше во дворот на Панда, зашто тој беше кмет во селото, а шумарот на дрварот кого што ќе го фатеше ќе му ја земеше секирата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога веќе примрак се вратија во шаторот, додека Геро, Евдо и Ване ја растовараа и ја сместуваа опремата, возачот беше наложил оган и ги чистеше рибите како да превртува чорапи.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Потоа, по стрмната а крупна калдрма, слезе до манастирската порта, го најде вратничето во неа затворено само однатре, го пречекори прагот и почна да го растовара својот карван.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Стој! Предводникот и стражарот разменуваат нишан и веднаш потоа жените одрамуваат сандаци и вреќи, растовараат добиток.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)