распули (св.)
Таа кроце отвори една мала, ниска дрвена порта, влезе внатре и се распули наоколу.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ја извади тапата од шишето, се распули наоколу и брзо го пласна бензинот во камионот.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Трајче продолжи нагоре низ врбјакот, се распули наоколу, скина едно танко врбово гранче и го пикна во кавалчето.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Синоќа овде доаѓаше Чана, донесе чорба од петлето на баба Петра, ама оти се зафатија со пиење на чорбата и брзо им се изгасна свеќата, не ја запалија повторно и затоа не распулија околу.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)