расплака св.
расплакан прид.

расплака (св.)

Бидејќи било многу рано, уште не беа развражале куќните луѓе, само татко му беше излегол во двор, со прво него го видел и од жал што му паднало се расплакал.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Се опули Румка, се расплака... (Песната бива пресечена од едноличното биење на тапан.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
АРСО: Со здравје и со добро, Стојанке! Е, бре чорбаџи Теодос, ја расплака сиромашката!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Од мракот се појави бледата глава на вдовичниот син, ги искокори очите и само што не се расплака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И токму една ноќ Митре со двајца свои другари кладе мамец на стапицата (еден сомун и на него книжулче со натпис: Бегај Гано од мое Старавина оти мајчето ти го расплака ако ми падниш в рака), и еве ти ги во утрешната мугра двајца „Гановци" на мамецот, а Митре со другарите кои преседоа цела ноќ на „пецање" им се фрлија одзади.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка му се туфкаше и пискаше и, кога ја виде Трајанка, се расплака уште повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се преплаши мајката и Трајанка, детуле на две години, се расплака нешто.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Честитам, ме расплака, му вели Данче на трубачот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога го виде, таа го прегрна и се расплака... ___________ * Господи!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога го виде, се расплака и низ солзи го прекори: - Каде скиташ, бре синко? Душа не остана во мене.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Одеднаш таа се расплака и избега во дворот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
По овие зборови обете со еден глас заплакавме. Брат ми не се расплака. 39
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Разбуди се, другарке Оливера Срезоска, сестро наша, ја будеа и кутрите девојки со солзи во очите, о, проклет да бидам, тие вистински се расплакаа, од срце се молеа за здравјето на Оливера Срезоска.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Се срамам, - реков и се расплакав, - му признав дека немам никаква дарба, дека ги мразам песните, романите и сите тие работи, му признав дека тоа беше час на лудило, темница, болка, и тоа себична, мала болка само за еден човек, безначајно, еден човек.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Поинаку не можев да те заштитам - и повеќе не издржа; се расплака на глас, го фрли ножот, истрча во тремот, извика таму Да не видам огледало во куќава и преку дворот избега некаде во полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш и сите три жени се расплакаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога се расплака мајка, дедо рече: Па и затворите се за луѓе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам, може и да им се расплакав и тие си заминаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога останав сам во собата се расплакав тивко, никој да не ме чуе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас се расплакав сиот премален од стравот што неколку минути пред тоа го почувствував, пресреќен што сѐ добро заврши.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе