распален (прид.)
Оганот, распален, плапоти; борина — куп под огништето; светелникот веќе го исправиле и куќата ласнала.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Келнерот одвај се движи меѓу преполнетите маси, потонати во крајно распалена; страсна расположба.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Силно распалената страст во неговата душа, бараше и силна храна - бараше уште повеќе срни!...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Така наложен однатре, како распалена и вжештена варница, чичко Томе темно се врцвува во лицето и мислиш ќе пукне како афионска чушка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И така, едни разбеснети Турци, младеж - јас тоа не го одобрувам, ама се сторило - тие разбеснети Турци првин го ставиле на бесилка, а после го фрлиле во распален огин.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Уште малку до половината, и неговите распалени мечти можеа јасно да го замислат нејзиното сладосно мрморење како на мачка, нејзиното предење.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И така одам јас дома и си мислам како ќе ме прегрнат татко, сестрите и братот, како радосно ќе се гушнеме, како татко ќе ме седне на колено, ќе ми погали глава, ќе ме стопли во својата прегратка, а сестрите ќе ми донесат топла манџа и многу леб, како братот ќе ги собуе своите топли волнени чорапи и ќе ми ги обуе, како сите ќе седнеме покрај распаленото огниште... а потоа како наситен и стоплен ќе заспијам во скутот на татко и утрото ќе се разбудам под топлото веленце, ќе се напијам топло овчо млеко...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Да не рече Маркс? - сомнително праша некој кој седеше со грбот кон распалениот оган, а на многу им се пристори дека е оној истиот, кој го кажа зборот што сите се трудеа да го најдат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)