раскрвави (св.)
Но едно време Мартин почна да малаксува, а и носот му се раскрвари.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Клинците на алката ѝ се збуцаа во непцата и ѝ го раскрвавија јазикот; железото зачкрат под незините заби.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Другите две можеле и да останат свиткани под твојата дебела кожинка и тука задржани, без да бидат во состојба ни да те раскрвават, едното од нив можело и да се слизне по твојата четина и воопшто да не те повреди, но ова, што те тера да крвавиш вака, не ќе е на некое многу згодно место, тоа може уште оддалеку да се види, му зборуваше на својот самјак.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Со тој ум, со таа тврдоглава глава, денеска ја раскрвави раката, утре ќе си ја скршиш и главата...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Така беше: турски јатаган му го ископа едното око на Арсо Арнаутче и ги раскрвави кого в рака кого в глава - Орлен Шумков, обајцата Онисифоровци, Куно Бунгур песнопоецот и Богдан Преслапец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зошто не му го раскрвавив носот? Од што се плашев?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Го раскрвавив, ама тој не застана додека најпосле не успеав уште еднаш да го удрам по глава, ама овој пат салам го удрив и падна. Се скроти мајчиниот...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)