рамковен (прид.)
Станува збор, значи, за следното: постмодерниот, а и еколошки, човек треба да ги менува рамковните услови на своите животни околности.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
По ова започнува процесот на имплементација на Рамковниот договор кој се одвиваше со поголеми потешкотии и интервенции од меѓународната заедница.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Со тој потег аутоматски паѓа у вода Рамковниот договор и тие фамозни 25,17, албанското питање го решааме заувек, а со евтината кинеска роба дури и заспаната економијата во Македонија, конечно, ќе заживее.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Рамковни браќа повторно кочат грбови сечат, судови молчат зошто ми иде да плачам ко дете од планина слезе, а денеска шеф е О Тешкото...
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
О Тешкото... Зурли штом писнат на рамковна свадба недела е ден за нова дивоградба пиштоли фрчат, овчо се гнете слушнав на вести убиле дете О Тешкото...
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)