ракоплеска несв.
ракоплескање ср.

ракоплеска (несв.)

Најсетне трубата молкна. Некои ракоплескаат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој беше пак тука во бучните солунски кафеани, тајни квартири, се весели во ресторанот Алхамбра, и штуро им ракоплеска на шансонерките од Пиколомини.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој диригираше, публиката пееше, тој пееше, публиката слушаше и ракоплескаше, а кога таа вечер во „Олимпија“ се спушти завесата на сцената, Мишел Сарду мораше долго време да се заблагодарува на публиката, која го напушташе театарот пеејќи го она што пред тоа го слушаше од Сарду...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мажите веќе ракоплескаат, не чекаат да завршам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Плачат и ракоплескаат, си ги тресат солзите на предници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Народот се стиска и ракоплеска, вели, се затнаа улиците од народ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тој ракоплеска, па потем дава знак со рака да се престане.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Од такви, историски причини, ние и овде, кај Иле Битолчанчето одржуваме сеќидневни расправи за несреќните настани од минатото - се јави најсетне Овчарот и почна да изведува некаква пантомима, нешто како обраќање кон толпата што само тој ја гледаше, а Мајката и Чауле најпрвин се смееја, потоа одобруваа, и најсетне ракоплескаа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Кога ја симнав мантијата оние од стројот ми ракоплескаа!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Напротив, нивното појавување на замислените патеки во придружба на лигавата насмевка на Пачев Загорка Пеперутката го проследи како највпечатлив настап од првомајските паради па затоа и потстана и долго го изразуваше задоволството ракоплескајќи му на ова свое привидение.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И весталките се чини таму беа и некому му ракоплескаа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Штом таткото заврши со пеењето, У се разбуди и почна да клоца, а болничарките- помошнички на гинеколозите силно ракоплескаа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Можеби му беше здодеано да се покрива кој е вистинскиот, па сега целата вистина за себе ја треснуваше на маса, а притоа јас и другите требаше да бидеме публиката која на тоа негово непријатно битие ќе му ракоплеска по секоја цена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)