разретчува (несв.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Немтурот збунето се врти кон другарот - овој собира од длабоките џебови ситен тутун и го разретчува на дланка; и не го гледа.
        
      
    
    
    
      „Кловнови и луѓе“
         од Славко Јаневски 
        (1956)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
        
      
    
    
    
      „Злодобро“
         од Јован  Стрезовски 
        (1990)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Пророштвата не се за оние кои не веруваат,  велеше Тој, и чекор по чекор им се доближуваше  на остарените стебла,  се поздравуваше со нив,  и никој и не забележуваше како се  разретчуваа честаците,  та не остана ни гранка ни стеблика  кои не ги помилува и со душа  и со раце, и со кои не поразговара.
        
      
    
    
    
      „Две тишини“
         од Анте Поповски 
        (2003)