разорува (несв.)
Тага ја разоруваше улицата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Експресивноста на стариот Микеланџело, кој како подобро да ги познава бездните на пеколот од Данте, го разорува статичкиот поим за хармонија и неговата рационална техника на скусување.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Да се потсетиме дека Прометеевата казна се состоеше во тоа да си ја разорува и прождира сопствената утроба („сакав да ја искорнам сопствената утроба зашто беше толку многу гладна”), додека беше закован за карпата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Дека нивните блиски, од најмала возраст, свесно им ги разоруваат вистинските претстави за светот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И вистината разорува. Добро, велам јас. Добро, и тоа може да се случи.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
’Ршум ми прави. Ми ја разорува околијата. Гледам ја скратило косата и влегло во панталони.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)