разнежи (св.)
Па, најпосле, општинскиот штурец умееше да ги разнежи срцата, но не моето - болно и разјадено, и исцедено, без чувства и без живот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
— Суло ага се разнежи кога се сети оти четири години не го видел сина си, и уште за малку што не се разлигави, па продолжи: — Евала, кардаш, на сите!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така и со појавата на срната, иако таа го разнежи, иако почувствува задоволство дека може да ѝ помогне, сепак изостана онаа вистинска, пенлива детска радост, што би се случило кога би бил и дедо му крај него, кога снегот не би паѓал толку застрашувачки и кога не би постоел тој скриен, тој леден страв што го остави ненадејното волчешко завивање.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На зборот свет, на Светлана ѝ се разнежни срцето.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Ајде де! Кажи веќе еднаш, денес ќе ти исполнам и три ако треба... - се разнежни Никодин полнејќи ја испразнетата чашка со ракија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таа беше моја постојана придружничка и знаеше да ме разнежи и натажи, но јас не бев пишман што дојдов тука и се трудев да го оправдам тоа мое доаѓање и пред самата себе и пред моето семејство.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)