размрси (св.)
Всушност неочекувано ми се прикажа како во филмски кадар дека Пачев е хирургот кој дошол да го размрси јазелот на спомнатата незгода на атлетичарот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Не знам зошто
имам чудно чувство
дека секој ден ми доаѓа
судниот ден
па се наежувам од уплав
и морници ме полазуваат
и се замрсувам како долг
многу долг и излитен конец
јазли полн, а трпение немам
да го размрсам!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Рада и Ѓорѓе одвај ги размрсија рацете кои само до пред малку беа цврсто врзани.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)