разгалено (прил.)
Од градите до песната од чекорот до чешмата сѐ е чудно разгалено.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Гракајќи разгалено, слета точно на рамото на Еразмо, ги приклешти острите канџи во неговото меко зимско палто, чувствувајќи го волшебниот предизвик на зрната од вреќата, и се прикотви тука.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Можеби зошто била болникаво и разгалено дете.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ете токму така беше, јас ја дадов мојата чувана и пазена душа на такво разгалено детиште и тоа без никаков срам ниту страв ја престори во прашина.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)