разврат (м.)
Бев обвинет поради неморални сништа. Малиот човек со тесни усни како директен сведок имаше несоборливи докази за мојот разврат.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Разврат на такво место, разврат на последните надежи, разврат на свенатите и гнили трупови и - дури не штедејќи ги ниту последните мигови на сознанието!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тие биле „сејачи на шовинизмот на ропската потчинетост, каде што младото поколение се труе и расцепува на бесно - непријателски шовинистички лагери... каде што се сее уважение кон оние котила на развратот, бескарактерноста и заблудата - Орта-ќои (Егзархијата - б.м.) и Фенер (Патријаршијата - б.м.)“; каде што се вдахнувало почит кон историските и филолошките „права“ на Бугарите, Грците, Србите и Романците; каде што се спроведувала љубов кон владата што не задушува и синовска преданост кон султанот „нашиот цар-татко“
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Зар времето на полубожествата
лажните пророци и развратот
сѐ уште трае
та што толку се напати
сѐ живо и диво
во земјава?“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Има и излез од тој круг на пекол и разврат. Со издигнување на духовното битие.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Градот е пекол, градот е студ градот е преплавен со разврат и блуд и секој чесен го сметаат за луд во градот е потребен страшниот суд Редици на шалтери, редици во банки редици во болници, редици во Бутел ефтина шминка на ефтини луѓе ефтин дух во градот прескап
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)