радува несв.
радување ср.

радува (несв.)

А мајчино клето срце радва ли се радва, че голем јунак е станал син ѝ за женење...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Арно ама што рекол некој: „Не треба човек да се радува многу, ни да жали многу, оти зијан ќе го најде“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сите млади коњарки беа дошле во дворот од Силјана за да ја гледаат радоста; сите се радувале и се веселеле; само Силјан штркот стоел на таткова си куќа омаудрен со главата в земи, од голема жал што му дошла, дека ја гледал од сестра си свадбата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Од детинството сѐ што им е мило ним и нам ни е мило; на сѐ што се радуваат тие и ние се радуваме; тие плачат и ние плачеме; тие се смеат и ние се смееме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
СИМКА: (Замислено). Сите жени на светот се радуваат кога малечките ластовици им јавуваат за раната пролет. Само печалбарката е жална и мисли кога ќе дојде есен.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Радувај се, Циганине, те куртулив од кум сиромав селанец!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
БАБА АНЧА: Место баба Анча да не спие, да се радува што ѝ спијат младенци во одајчето и на постелата, таа се раззаспала!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ах, пусти ми вујко, не ми дава да си се радувам што сум си мајка!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
РИСТАЌИ: Тоа ме радува што признаваш.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Му се радував, го слушав, се согласував да крадам по бавчите со него и не сонував дека е тој најарниот ученик од школата на злосторниците во овој врел прашен град исткаен како стара черга од тесни улици, од плашливи куќарки, од џамии и од два бронзени коњаника пред стариот камен мост, двајца црвеникави кралеви: Петар - татко, и Александар - син.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го ценев и затоа што призна дека сме посилни од него, им се радував на прикаските што ни ги расправаше за непознатиот скопски Рокамболо, одмаздникот Киро Атевиќ, за кој не знаев постои ли навистина или е измислен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Е, најпосле Јован дрпна уште една лага во постите и ги бојадиса сите, дека на Велигден — по Велигден ќе имаат возможност да се радуваат на полни постели со витолишки убавици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој ги слушнал пците дека залааја и почнаа да се радуваат кога Крсте им даваше леб и викаше за помош?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На моменти се каеше оти ќе си го подгази девојчето, може и да остане кржлаво, недодоено (оти во Мариово децата ги дојат три години); може да ѝ се разболе чувај боже“; а од друга страна, пак, се радуваше при мисла и увереност дека тоа што ќе дојде ќе ѝ биде „баце“ на Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бошко не знаеше ни дали да се плаши или да се радува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Две румени христови девици се радуваат на воскресението од молитвениците.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
- Отидоа, се радува старчето и го отпретува жарот од пепелта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зад следниот рид ги чекаше сиромаштија: свечено тажни гнезда на луѓе, свет што живее, што пати или се радува поинаку и од едниот и од другиот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе видиме. Ама било што било, немојте да плачете да ни се радувате.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Окованите патем се плашеа и се радуваа. Одеа колку што им дозволуваа тешките пранги и си мрмореа тивко меѓу себе: – Сега ќе биде што ќе биде – ѝ велеше Јован на Сирма. – Ако те ослободи тебе султанот како жена, за мене да не жалиш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе