пуританизам (м.)
Во таа смисла маратонските бакнежи во Kiss можеме да ги сфатиме како потсвесна реакција на ограничувањето на траењето на бакнежот со Хејсовиот кодекс во американскиот комерцијален филм, а насмеаниот егзибиционизам во Couch како реакција на неговиот пуритански дух.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Го сврте кон мене долгото, елегантно и страдалничко лице на своите пуритански претци и ми ја пружи раката.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Приказната? Дива сатира. Неумоливо, луто, сурово, цинично изложување на официјалната хипокризија, пуританската репресија, религиозниот авторитаризам.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Конечно, лесните дроги според сите оние кои имаат искуство со нив, а и според многу научници неоптоварени од лажниот морал на пуританизмот, ќе ви потврдат дека хашишот и марихуаната се далеку побезопасни, понетоксични и, што е многу важно, понеагресивни наркотици од алкохолот, кој е легален. Каков парадокс.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Пуританска опседнатост со потеклото токму тука кадешто веќе нема територија.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
За разлика од Винстон, таа го беше сфатила внатрешното значење на сексуалниот пуританизам на Партијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сексуалниот пуританизам на Партијата не им беше наметнуван.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со тоа, жестоко се критикува идејата за секаков лингвистички пуританизам на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)