проструи (св.)
Ќе те плисне ветерот, ќе проструи свежина и ќе здивнеш слободен од некаква тежина.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
На Арсо му олесна - мирен умор и задоволство проструи во неговото тело.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Арсо почувствува како му станува поарно, дури уште не сосем одредена веселост му проструи низ градите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нешто млако и угодливо проструи во држењето на Патрокле.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И којзнае по кој пат по неговото синошно враќање, но сега сосема одредено како мисла, додека стоеше на прозорецот, заталкан со погледот по топлата виделина на денот, од која снегот добиваше мекота на нафрлан памук, во неговата свест проструи и тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Стоеше, притиснато до ѕидот, непомрднато, исправено и тенконого, едно растрперено ливотче, едно срнче - јаренце, по чие што тело без прекин прострујуваше по една таква морница, од која трепереше секоја косминка од крзното на ова слабичко суштество, кое како да имаше џвакано меѓу острите заби волчта ноќ надвор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Штом легнаа во сламата, по телата им проструи пријатност и како да почуствуваа задоволство.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Братучедите ги обзеде отпор што сам од себе им проструи низ жилите.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Капката „боровицка“, чешки специјалитет од боровинки, сите нè освежи, во нас проструи нов живот и така расположени го продолживме патот кон Берлин.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
По клупата околу ѕидот проструи одвај забележливо раздвижување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Длабока иако потајна воздишка на олеснување проструи низ Одделот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Веста проструи низ улиците како магија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дедо Кољо го беше слушал Татко, кога доцна во ноќта, од отворениот прозорец на неговата библиотека ќе проструеше песната во која, како да се мешаа три гласа во постојано следење.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Речиси истовремено некој топол животен зрак проструи низ мене.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Му проструи студена мисла на градоначалникот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Чудно смирување ненадејно проструи во душата на Лука Карер.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Наеднаш ми проструи низ целата телесна мускулатура една морница која со молскавична брзина стигна до мозочните ќелии.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Во мигот низ свеста ѝ проструи добиената анонимна „интернет мува“ со мал сегмент кој сведочеше за автентичноста на материјалот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Вечерта беше топла, мека, мајска. Од сите страни допираа мирисите на јоргованите, а од време на време ќе проструеше свежиот подзалутан пелистерски ветрец и ќе разбушавеше нечии коси.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Едно чудно подзаборавено треперење проструи од стомакот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)