прострели (св.)
Прострелај ме, па сѐ нека стивне без расудок, без празно умување, и блесокот на тоа лудување, само твојот блесок нека вивне.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Па со поглед што блика и зрачи, потонувам до дно во модрината, и кликнувам пак на убавината: Прострелај ме со своите лачи!
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Денот го прострелија прогонувачите. Ме нишанеа мене. Значи, мојот ден.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Штотуку беше се спремил да си се прибере во своето легло, тој забележа како некаде на самиот најгорен крај на голината прострелка една сосема поинаква црнка, а после, наполно откриено, таа зеде да ја крстосува неа со своите високи скокови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Смешен сум. Денот го прострелија прогонувачите. Значи, мојот ден.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Неколцина другари на стројниот стрелец Рамиз-бег, пред тоа прострелан низ гради, со тешко и соголено стебло ја пробиле окованата врата на куќата-кула, се качиле претпазливо по тесни басамаци и го нашле безумникот вкочанет; нечија пушка во ноќта сепак му станала судбина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Natural Born Killers е експлозивна направа за заспаната филмска публика, повик за будење во облик на бомба. репортер, Martha Smilgis Los Angeles извор: Time, september,12,1994, No 37 превод: Венка Симовска 206 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Додека уметниците концептуалисти од седумдесеттите прашањето за улогата на телото радикално го доведуваа во прашање со постапки како што се ползење по скршено стакло долж главната авенија на Вашингтон - станува збор за хепенингот на речиси голиот Крис Бардон, или пак неговото прострелување на раката со огнено оружје во една галерија, модерните примитивци најнапред практикуваат обредни техники од ритуалите на тн. примитивни, со политика и религија неидеологизирани општества и култури.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Со таа злобна реченица ја постигнав целта, оти Луција ме прострела гневно со очите и рече: „Би замолила да внимаваме што говориме овде и да не го навредуваме народниот дух и Партијата што стои во негова одбрана“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Малото полека го спуштив во водата и тоа преташе весело, а таа, со клатење налево - надесно, се преврте на грб и со едната нога го јавна овој нејзиниот, па се исплашив дека ќе му напукне бутна коска и им го подадов Барбариче... и, кога првата капка ја допре, таа веднаш го прострела со поглед и навежбаниот се исправи, го грабна детето и го свитка во бањарка.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)