прожени (св.)
Знајш оти овде кој останал вдовец ретко да може да се прожени. А ти, пред носот кај му и зимаш.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој со полна уста му одговори на Стојана: — Море јас се жени, брату, и се оджени, токо гледај сега побарај ти некое пупулче тебе да те прожениме, да ти се наиграм на свадбата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Шо правите вие двајцата сами беќари: Кој ви замесуа, кој ве приперуа? — и собра сили та заврши: — ами не барате ли некоа сиромашка, да се прожениш, та на татка ти не му дава закон шо не му дава.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
После ме проженија и сѐ помина. Туку не поминало.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)