продорен прид.

продорен (прид.)

Мисирков не беше и не можеше да биде против самата ТМОРО, но тој многу продорно, уште во самиот тек на настаните, ги согледа слабостите што загрижено и ги потсилуваа некои заинтересирани странски фактори, не одбирајќи притоа методи и средства.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го корнат паркот... Унапот шири медна миризба. Силна. Продорна... Расцветани дрвја. Цвеќиња. Миризби... Пролет...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се разбуди и не можеше да се сети дали сонувал и што сонувал, се отвори, со животворност на цвет, многу побрзо отколку што заспиваше, влажен под кошула и в чевли, сплеткан во чаршафот и со чувство дека низ светкавата, ќурчиски затегната кожа на темето му пробиваат неброј врвови на игли, се рабуди со едно недоизјаснето сознавање предизвикано од шум или од мирис или од продорност на нечии очи и скокна со брзо движење отварајќи ја вратата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дотогаш намовнатите дремливи мисли се апеа под неговото теме во врела темница; нивното долго и продорно пиштење избиваше во остри бликови низ ушите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На наслутениот тажен и полумрачен перон локомотивата умре со продорен крик.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во мислите Арсо го изучува неговото лице со продорен поглед и нешто, налик на страв, му поминува во крвта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во тој миг една од нив се јави во далечината со својот продорен писок и така ја отвори и вечерашната тажаленка на гладот, исфрлен среде тој снег, а сепак толку многу дома. Со тоа завивање сега заплака сета шума.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некој продорно крикнува. Се слуша страшно чкрипење на кочници.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во шумолењето на капките неочекувано се вплете и продорен крик на жерави.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Еднобоен или шарен во кожата, со јадри продорни очи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Продорните гласови наеднаш замолкнаа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Група од триесет до четириесет“, залаја продорен женски глас. „Група од триесет до четириесет! Заземете ги местата, молам. Триесет до четириесет!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Низ воздухот одекна продорен знак на труба. Тоа е билтенот! Победа!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се свртив кон него. Погледот му беше продорен и вкочанет.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Што ти не реков за мачката, за нејзиниот склад на телото, за грациозноста на движењата и за вештината, за достоинството, за продорниот поглед, за тоа дека човекот со мачката се поврзува преку чулата, дека во тој поглед тие еднакво реагираат еден кон друг, за разлика од односот на човека со кучето, каде што врската е повеќе социјална и тн.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Каков говор птичји, елиптичен и продорен пролог во недовршена Реч двојба во којашто прогледува стравот: трска ли е, змија ли е?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
За него тоа не беше тешко, зашто знаеше како да се постави, беше решителен и продорен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Амбасадорот Диздаревиќ ми остана во сеќавање по својата тивка но продорна моќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Погледот на госпоѓа Мариела беше продорен и испитувачки.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе