провокативен (прид.)
Хорацио Цвикало, средовечниот актер, за кого дилемата „да се биде или да не се биде“ е постојано провокативна, било да се работи за Шекспиров монолог на театарската премиера или за „приказна од животот“, која ја реанимира над кафеанската маса, заклучува: - И што велиш, мил мој?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
На другиот крај од големата маса во одвратната чајџилница Филонус, тивко ги разменуваа што религиозните што садистичките што метафизичките што мајчински искуства, следниве три личности: младата госпожа Ана, инаку позната како сопруга на човекот што катедрата за логика ја замени со кафанска маса на која стојат мистериозните кибритчиња и лактовите на народнот мудрец Неџо; госпожицата Буде вообичаено - спрема правилата на тајната организација „Црна Ружа“, така суптилно провалени од инаку најглупавиот балкански весник „Вечер“ - облечена во нејзе милите папски бои: љиљакова, портокалова и бела („синестезии, нелогичности!“, се слушаше врескање од соседниот крај на масата) и со специјална ловачка капа на главата на чиј што врв (на капата), провокативно искривено, трепереше зелено масонско перо, ко ветроказ; додека човекот што токму зборува - и чиј што истоштен, од премногу експерименти со нејадење и неспиење, глас, го привлече вниманието на г. Абов - се одзиваше на името „Никола, врти кола!”, или скратено Никола Вртикола.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Со неколкуте провокативни тези (особено за вината и судбината на идеологијата) кои се во дослух со горливите прашања на нашето време, оваа книга предизвикува вистинско освежување на по малку заморената македонска теориска сцена.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Провокативното претставување што го направил Деборд за сегашната состојба на работите се однесува на мафијата, која откако (или додека) се разгледува како антитеза на јавниот морал и социјалното добро, “сега стои како модел за сите напредни комерцијални претпријатија”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Сакавме само да го чуеме неговиот авторски коментар на провокативната хипотеза за потрошените критички ресурси, кои, отсекогаш, ги кредитираа ангажираните проекти.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Всушност тој претставува синтеза на обајцата: радикален во формата и провокативен во содржината.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Книгата ги скандализира психоаналитичарите, и оттогаш Делез речиси непрекинато е во фокусот на медиите, како контроверзен и провокативен мислител кој отвори нови „илјада платоа” на мислењето. »
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во средината на 60-ите, постминималистите, како Richard Serra, почнаа да го ситуираат уметничкото дело во просторот и текот на секојдневието, проширувајќи ја Pollock-овата провокативна метода на правење уметност со употреба на секојдневието како чинител.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во неа речиси нема некои живи, луцидни, провокативни изблици кои се просто синонимни со самиот збор „култура“. 6 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Кога и други домаќини во текот на патувањето ми ги упатува истите зборови дека „ме читале”, без никаков одговор на моето прашање, беше јасна наметната провокативна алузија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тоа би можело да претставува мошне провокативна задача за речиси сите наши воннаставни активности.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Овој разговор се водеше помеѓу Зрновски и Јана пред да ѝ го постави Зрновски она провокативно, а по мое мислење и неодмерено прашање, дали ѝ се допаѓа новиот млад пријател и тоа во присуство на Самоников, а Јана речиси во истиот момент со прстот нерешително покажа кон мене, како да избира помеѓу многумина, и покажувајќи кон мене таа всушност ја крена раката за да го скине јаболкото, си реков и сетив дека црвенеам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А беше умна жена и знаеше да се варди од провокативните, политичките прашања, за кои беше мошне добро подготвена, особено пред да патува, кога не ги напушташе Татковите книги, особено неговата Историја на Балканот низ падот на империите, посебно задлабочувајќи се во „албанското прашање”, во сите негови варијанти, вклучувајќи го тука и хроничниот проблем на границите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тие немаат чист манастир во срцето во срцето, ја немаат рамнотежата за која ти зборуваш, а сепак се живи? – рече Еразмо, по ваквата, за него, провокативно наметната тема.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Провокативниот разговор ме активира.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Се разбира, некои гејови и луѓе што им се благонаклонети реагираа со поддршка и со ентузијазам, но многумина други приговараа дека сум бил непромислен и провокативен, дека сум ги ставал геј- мажите на лош глас, сум продавал стереотипи со тоа што сум имплицирал дека геј- мажите се различни од стрејт- мажите, дека сум ја изнесувал лудата идеја дека постои нешто што се вика геј- култура и дека е различна од стрејт- културата, дека сум ја потврдувал хомофопската претстава дека геј- мажите „врбуваат“ стрејт- мажи да се впуштат во „геј- стилот на живеење“ или дека сум ѝ давал на верската десница оружје со кое ќе удри по нас, а со тоа сум ја загрозувал борбата за граѓанските права на лезбејките и на гејовите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)