провиден (прид.)
Тука, под белите облаци на круните од високите буки, стоеше една изгасната провидна темнинка, што немаше никаква белина ни во најбелите мигови на белата зимна ноќ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Надвор, како некој провиден, кристален бедем, сѐ уште стоеше белата ноќ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И всушност заради него, заради Змејка, заради неговото присуство, лагата стануваше провидна.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Провидно ми е телото и душата провидна, Не знам дали сум створен или измислен, Не знам дали сум сегашен или иден Штом сум провиден и невиден?
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Вечеравме покрај свеќи - природна храна - а потоа облекувавме провидни фолии и водевме весела, санитетска љубов.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Пластичен чаршаф со боја на кожа, чист, завиткан во провидна кутија како кеса за ѓубре.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Можеби тесен како едноставен. Провиден. Едноставен. Суров.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
- Отидовте далеку, многу далеку со вашите провидни шпекулации со религијата и марксизмот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Имаше закани, алузии, провидна иронија. Стапицата се стеснуваше.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Му се чинеше не само дека неговото тело е омекнато како желатин, туку дека е и провидно како желатин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Им здодеаја провидните сарајски игри за власт На големата капија на резиденцијата под сенката на палмите ме очекуваше Гзиме со децата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тоа што сакаа да го видат цело време беше некаде потаму од она што го гледаа, но и не можеа добро да видат зашто прозорците беа од бледожолтеникаво провидни каучукови плаки опшиени во мушамени рамки, така што изгледаа како исплакнати во некаква матна вода.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
А белината што ја гледаше беше сѐ побела и појасна, без прегради, провидна до отаде провидноста. Се почувствува среќен.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Навистина чудно, незамисливо, каков вкус, провидни златести кори, обични вметоци, а каква мистерија на вкусот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)