проблематизира (св. и несв.)
Целта на авторот е да се укаже на „проблематичноста на потрагата по определбата на ‘идеологијата воопшто’ “; на различните значења и употреби на поимот „идеологија“ и неговата преголема едноставност; да се претстави „многустраноста и комплексноста на односот на субјективитетот спрема идеологијата и неопределивоста на идеолошката акција на субјективитетот; односно, да се истражи (проблематизира) валидноста на повикувањето на идеологијата во објаснувањето на акциите на поединецот“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Така, тука се проблематизира моралниот лик на македонската жена, но ајде да не бидеме пуританци.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Областите од општествениот живот за кои претходно не се зборувало, па дури не се ни проблематизирале, сега се ставаат на јавна дебата.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)