пробивен (прид.)
Дента по блиските шини татнеа возови, шинобуси, пиштеа пробивно железничарски свирчиња, се сменуваа викови, песни, смеа, а стариот вагон на заборавениот колосек го гледаше сето тоа, слушаше и копнееше од мака.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И додека си ги бришевме солзите и престанавме да липаме, штом го поминавме тунелот, слушнаме пробивен и писклив женски глас: - Доаѓаат!!!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А потоа, во бараките и во коњушниците, од доцнина до ранина и од ранина до доцнина пробивно и долго се слушаат олелии.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ние, стотици деца, застанавме крај оградата и, држејќи се за сребрестата жица со остри боцки, го слушавме пробивниот и писклив ту покорен, ту испрекинат, жалосен и молбен глас па Ѓорѓи и бавното суво и едностојно клопотење на тркалата и коњските копита по нерамната калдрма.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во тој момент од телекранот се слушна пробивен писок. Тоа беше сигналот за враќање на работа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше со ситна става, со енергичен и пробивен поглед.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Експертите по сликарство, спротивно, откако со пробивен поглед, низ трепките или окалките, ќе се здобијат со општ поглед, односно впечаток за сликата, му се доближуваат на платното со бесшумен чекор на ловец кон дивеч и со око како лупа во едната а со нокот како пинцета во другата рака почнуваат да чепкаат по боите а особено под боите, во потрага по тајната или прелагата на мајсторството.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Таа го гледаше сериозно со пробивен поглед.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Следниот миг затрубија и другите, секоја со посебен звук, некои длабоки како рогови што даваат сигнали во магла или како сирени на пароброди, други танки и пробивни, но сите го најавуваа привремениот прекин на работата на дваесетте илјади раце на работниците во пиланите и во фабриките.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)