причести св.

причести (св.)

После, седум дена си лежел в кревет, си се исповедал и си се причестил очекувајќи да умреш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На Велигден рано в црква одат само старците, стариците, мали деца, момчиња што си дошле од овци, од говеда и моми што сакаат да се причестат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега само отслужи една обична Златоустова литургија, се назова „Христос воскресе“, се причестија луѓето што ги испостиле седумте недели страшните пости, му дадоа по едно јајце на попот за „божиот дар“ што го примија од него и црквата се пушти.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Додека млади невеста, младоженци не се причестуваат до годината, оти „не се чисти“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Просто, задремале, само мислата е будна: нели ќе заборават сега децата негови да го истимарат коњчето, да ја покријат шталата, да го причестат и најмалото внуче.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Па ние одамна не сме се омрсиле, вели Дуко Вендија, може и сега да нѐ причестиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И отсега не мрсете ништо, вели, оти на другото идење, ќе ве причестам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За секое крштевање, венчавање, закопување, пеење вода, кревање леб, за секое причестување и за сѐ поп викавме од Сапотница. И за арно и за лошо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се грабаат да ги причести на манастирски сламарник.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го јадам искрвавениот леб и се причестувам... Го јадам и плачам...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не сум јас никаков свети Јован да ме молиш. Богат сум, сиромав сум, сеедно. Постам и се причестувам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попот не можеше да нѐ причести како лани.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој повторно ќе можеше да се причести.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас се израдував што ќе го видам Косово, каде што цар Лазар војувал со турскиот цар Мурат, па ќе ја видам црквата Грачаница, каде што царот ја причестил војската.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сепак, со крајни напори се облековме и тргнавме кон црквата за да се причестиме а безброј пати до црква седнувавме за да се одмориме, па така фустаните нови ги направивме бербат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Прости ми ги гревовите со лесна душа да појдам в црква на Воскресение Христово... и да се причестам... смирена да го примам Телото и Крвта на Синот Божји - од Богородица Мајчица роден... руган, плукан, мачен, распнат, умрен, од Крстот симнат, во Гроб легнат... си шепоти баба Петра седната пред куќи, веќе променета за в црква.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
На трети петли сите се причестени, со смирение во душите. Денот забелува - Сведен ВЕЛИГДЕН.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)