притаи св.

притаи (св.)

Се притаи тихо зад врбата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не, шумеше крвта. Се лажеш. Јас без темнина во тебе. Се притајував, демнев од заседа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Престануваше да се брани од комарци и се притајуваше, беше изморен од нејзината несоница и ненаситност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во темнината се појави фенер. Вознемирени силуети се распрснаа и се притаија во неосветлените агли на каушот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега веќе не можеше ни да ги чуе. Сега тие ја однесоа својата морничава песна толку далеку, што тој, и покрај сите притајувања, не можеше да дофати со слухот ни најмалечок трепет од нивниот крвав плач во далечините.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се сви, но од тоа болката можеше само да се притаи, а да остане пак постојано будна и задемнета некаде внатре во него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тишината на собата Змејко можеше да го до чуе уште и здивот на тоа вчудовидено срнче, кое, и покрај сите свои притајувања, сепак мораше да го даде тој знак на своето постоење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оди, легнува, фаќа заслон зад грмушка, зад камен, се притајува, се вслушува и продолжува понатаму.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Едното крило напаѓа, другото - молчи. Се притаило.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Може да ти е пришиена во ракавите, во предниците, вели Маса Ќулумоска, или да ти е притаена под шамијата, во косата и ти се пресмева.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се притајувам и убаво ги слушам чекорите. увото ми е залепено на земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нешто тајно, кое гали, стишува Кое спокојно во себе го запишувам, Го притајувам, не го објавувам Скриено го чувам, го заклучувам Сетне му се насладувам, се радувам.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Го притајуваме здивот, се притајуваме и во цревата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во ноќта во која паѓале ѕвездите и се притајувале водите, еден нечуен човек, Татар или Монгол или Черкез, чекорел и барал место за голем гроб.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Еден волк ќе излази едно место, па ќе се притаи залепен за земјата. По него друг тргнал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Врз селото легна сенка на голем бик. Косовите се притаија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Само чукањето на срцето не можеме да го притаиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби по линијата на ридот мина мал облак или кадра на зимска магла што до овој ден се притајувала во некоја камена пукнатина колку за да се прости само од некој свој заложник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наеднаш, им се сторило, планинските долишта ја притаиле својата бучлива песна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние сме свикнале да го гледаме просторот поаѓајќи од нас самите, од нашиот внатрешен свет, од нашата невистинита длабочина; ние сокриваме, ние маскираме, ние лажеме затоа што сакаме да ги притаиме нашите чувства, сокривајќи се во аголот на итрата непристапност; сето она што е прифатено да се нарекува психологија, сето она што „нема место да постои“ во социјалниот свет, околу што се кодира и се формира нашето „јас“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе