присети (св.)
И, ако со виното вдовица вашата силна жед ја загасила медно, а ако ви бацило рака со насмевка милна сираче нејако, бедно, ил ако во гозби сте имале почесно место — кое е гордост, би рекол - и ако здравицата вам ви се здравила често: здравје ви посакал секој — па, да се присетиме ние за тоа и нека да се покажеме смели!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Мече дури тогаш се присети дека меѓу ископаните купишта земја крај каналот и на реката, виѓаваше многу корења испреплеткани во чуден сплет.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Уште од сред куќи кога се јави, се присети оти таа треба да биде, но кога дедот Ристе рече оти „си загубиле некое шилеже" начисто беше оти таа е.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ги спуштив рацете. Се присетив дека таа, како и многу други девојки од овој крај, е наелектризирана.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ќе ги собереме по селата тие ѓаури, ќе ги протепаме сите по ред, да знаат дека живеат под власта на исламот, ќе собереме што имаат по некоја пара, и стока, ќе одбереме секој по две-три убави ѓаурки, а сигурно ќе најдеме доста и здрави деца да му пратиме на падишахот за јаничари, – се присети кадијата на бившото грабење на Атпазар, и продолжи: – Согласни ли сте?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Најпосле се замисли длабоко и си рече во својот учен ум: – Овдека треба и марифети, не само сила – па како да се присети нешто по долго мислење и кроење, си рече: – Јас треба точно да ги научам сите водачи на овој бунт и од нив да разберам со каква сила располагаат и кои им се слабите страни, а за таа работа ми треба човек, што ќе отиде кај нив и ќе разбере што треба – и плусна со рацете.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Направи неколку чекори и како да се присети - тажно, со растреперен глас заврши: - Синко мој, нема љубов таму каде сомнението пали свеќа...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се присетуваше за скапи и мили нешта и тоа го разнежнуваше и го возбудуваше.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но му е тешко да се присетува на нив.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Посегнува да ја угасне ламбата, но се присетува на нешто и пак си ја прибира раката.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Одеднаш се присети на нишалката што ја доби брат ѝ и за родениот ден и појде кај мајка си.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
„Водичкава е лек“ - се присети на зборовите на деда си, што тој ги изговараше секогаш кога уште како мало дете го водеше на потокот да се мие.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Најпосле, се тргна од мислите и, како да се присети нешто, им се обрна на беловодичани: — Знаете што, луѓе!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Затоа во Градешница Толе кондиса кај убавата Неда Романова, со која проведе два три месеци, па како да се присети на својот случај со црното Кате пред дваесет години кога му го наметна Адем, и тој намисли да ги смести своите Катиња, Нешиња, Мариња, та еден ден ја викна Ѓурѓа Ватралкова, мајка на убавото момче Митрета Ватралков и ѝ нареди да ја земе Неда „негова“ за сина си Митрета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Па како да се присети нешто се обрна веднаш кон Ѓура: — Најпосле, нека биде на твоето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Често по подолго време не можев да се одделам од неа, и се присеќавав какви беа во стварноста нејзините црти и сѐ во врска со неа...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ајде секој нека се присети колкупати одложил некоја работа, колкупати задоцнил некаде, колкупати завлечкал нешто и колкупати задачите му останале несвршени.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
- Не е разликата во зборовите, вели Витомир, пувкајќи со цигарата, туку во луѓето што ги кажуваат тие зборови. - Луѓето се исти, велам јас, ״ама умот не е ист во луѓето“ , се присетувам на зборовите од Лазора Ночески.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе се присетите, можеби, кога ќе видите како кај вас дома, или кај вашите соседи, се фрлаат цели лебови, а се фрлаат само затоа што малку се потсушени.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ќе се присетите кога мајка ви ви дава подзасушено лепче, а вие одбивате, барате топол леб.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)