прирачен (прид.)
Можеби е подобро што го одбиваат, си вели авторот иако знае дека неговата спална ноќеска ќе жали за оваа толку прирачна малечка карабинка со која ноќе вежбаат “учките“ во Гостивар.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Застана со колата под еден орев на средселото, ја потфати прирачната торба во којашто имаше пижами, две рала долна облека, еден џемпер за секој случај, две летни кошули, несесерот со нужните дрангулии, зелениот блок хартија и, се разбира, како што му беше препорачано, митото за Петра што неговата патна торба ја правеше значително потешка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Климент Камилски, по обичај, не доцнеше, носејќи го неизоставно своето жолто куферче, преполно со книги, ракописи и белешки како своја мала прирачна библиотека, во која ги менуваше книгите според новиот збор што требаше да се третира.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)