прикачи (св.)
Селска сиромашна соба на земја; лево во дното врата; десно огниште со прозорци од страните, а под нив камари; десно од вратата прикачена е ламба.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Лево на ѕидот е прикачена икона на св. Никола, пред која виси кандило, а негде понатаму голем дрвен солник, низалки суви пиперки и друго.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Одајата е наместена мошне арно, старовремски: десно насреде огниште, горе јашмак под кој оџакот е завиткан со завеса од шарена басма; од страните на огништето камари, исто така покриени со завеси од истата басма; назад два прозорци со завеси од истата басма, собрани до горе на плисе и прикачени на една шајка на средината, така што имаат изглед на плисиран полукруг.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Волкот ја свитка опашката меѓу колковите и ја спрашти со едни ветерничави, троноги скокови надолу, сиот со некаква леснина на сенка, во онаа магличава сивина меѓу стеблата, одвлекувајќи си ја по себе и својата здробена нога, запната само за едно парче кожа и за некоја бела жила, што му се отфрлаше во трчањето, чиниш некој ненужен, прикачен дел.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Некој го измислил а сите го прифатија, не дека снаата Илинка ката утро не ѝ носеше бардаче пресна вода и кивче босилек какво што таа, Трајана, секогаш имаше прикачено за шамијата над увото, туку дека жителите на Потковицата никогаш не стигнаа да ја прежалат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се туркам по возилата: качи се, слези, прекачи се.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Да си го устроите духот со суштината и елементите на пропаста е уште една залудност, во која неизоставно се губи етичката дистанца и си ја прикачувате јамката на деструктивноста.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Оттука и бесмисленоста на сите прашања околу некакви намери што се труди да ми ги прикачи иследникот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Миха го знаеше сето тоа, дали го насетуваше или го наслушуваше не е важно, но во секој случај го чувствуваше како приопашка, која итрите деца му ја прикачуваат на маалскиот будалетинка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во џебот цврсто ги стегаше трите клуча од дуќаните, каде што замрзнто, под своето студенило, светеше златото преморено од чекањето, сакајќи да излезе низ темниот отвор со својот блесок да се прикачи на нечија рака.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)