признаница ж.

признаница (ж.)

Ќе го избришам минатото, ќе ги искинам сите признаници на кои никогаш нема да земам ни скршен мангар и...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мирисот за земјата од која никна го довлече од туѓина со куп безвредни признаници на своите должници, се врати сиромав како што отиде, стар, болен и преплашен од животот, до крај нејасен за луѓето со кои се сретнуваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Лага се признаниците, лага е стравот, лага е осаменоста.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дојдов да ми потпишеш признаница. На, еве ми должиш 500 лири.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ете, да можам да добијам некоја белешка- признаница, писмено признание.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Немам потреба за некакви посебни признаници за успех.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Го чувам неговото пусулче. Еден вид признаница, дека реквирираниот автомобил, форд 35та, лично го рекверирал од сопственикот Семјон Иванович, за потребите на неговата единица, и дека на сопственикот на автомобилот, истоименуваниот, му го отстапил својот коњ, за да може да се врати дома.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во џебовите му нашле едно портмоне, во кое имало медалјон со слика на Богородица, еден автобуски билет за две возења и дваесет и четири илјади марки во готово, како и дупликат од признаницата што морал да ја потпише во лотаријата, и тие пари не можел да ги има повеќе од една минута, веројатно и помалку, зашто камионот го прегазил на само педесет метри од канцеларијата на продавачот на лозови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)