придржи (св.)
- А ти придржи го за раце, ми пречи да го лекувам. Од каде сте вие?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Бокалот со вода ѝ ја врати свеста. Ја придрживме за мишки и кроце ја однесовме на креветот во другата соба.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Придржи го, така, да го пригледам, ѝ велам на Уља и Уља само го позавиткува и го поткрева над мене.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се наведнувам да придржам едно дете што мајка му го напуштила поради повикот на мечот, а тоа ми објаснува: - Не разбираш ти, - ми вели. - Што не разбирам?
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Немаше потреба да го придржам, што не ќе ми беше тешко.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Улицата под него зина понорно и го присили да се придржи за венецот од покривот и полунаведнат се приближи до железната конструкција на големата светлосна реклама - неколку бесмислено испреплетени железни штангли што придржуваа еден круг со вкрстени букви на реклама за аспирин, распната без потреба преку небото, некогаш одамна поставена и заборавена.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тој стоеше малку зад неа и ја фати за половината за да ја придржи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Стига да не ме придржиш и повеќе ќе ме нема ако веќе го посакуваш тоа - ѝ реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дуда додека ме потчукнуваше со десната рака левата ја префрлуваше преку бујните гради за да ја придржи торбата што ѝ висеше на нејзиното десно рамо, за да не ѝ падне. - Подобро да го потчукнуваш со левата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се сеќавав на неговиот поглед секогаш кога ќе се разбудев ноќе штом мојата рака, барајќи во сонот нечија рака која ќе ја придржи, во јавето удираше во ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)