приговор м.
приговори св.

приговор (м.)

Други од македонските наречја се поблиски до српскиот јазик, ќе ги продолжат своите приговори нашите противници.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега ќе треба да одговориме на приговорот дека не умесно и е несвоевремено да ги одделуваме нашите интереси од општобугарските, зашто, од една страна, силата била во соединувањето, а од друга, Бугарија направила толку жртви за нашето ослободување и ќе направела и за напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овој приговор е многу сложен, затоа ќе треба да му се одговара на секој дел поодделно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Немаме право на жалба и приговор, како што се изрази таа кога ни ја изрече казната.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Без приговор од другите, Онисифор Проказник го определил здружувањето во ѕевгари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На секој приговор, има одговор: “Па, тоа е само претстава”, а вам желудникот сеедно ви се грчи и одвај се воздржувате да не го прекинете гледањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
О'Брајан продолжи како да одговара на гласно изговорен приговор: „ Во извесни случаи, се разбира, тоа не е вистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Против неа нема приговор!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Татко тивко продолжи: - Сине, за мене сиџилите беа свети, пресвети, за да ги валкам со некакви приговори, жалби или тужби...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сега, конечно, ми стануваше јасно зошто беше беспредметно прашањето дали Татко ќе поднесе приговор до Архивот, па тужба за украдените авторски права за неговите преведени и објавени сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Прекинувајќи го во науменото, му реков: - Татко, јас цела ноќ работев на конечната верзија на твојот приговор...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Еднаш после еден завиткан приговор во врска со неговото однесување тој сосема сериозно, како да цитира испуштена одредба од десетте заповести, објасни: Овде важат посебни правила.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа со наведната глава, башка и гологлав, влезе во службената кола, без збор на приговор или отпор, па се упатија никаде другде туку пак во Клиничкиот центар, само сега погоре, во Судска медицина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Притоа кон изреченово ќе ја придодадам уште и забелешката дека мене најмалку ми личи ваквиот приговор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Нема ама”, ѝ ја затна устата Боге со долг бакнеж, од кој девојчето изгуби здив и заборави што сакало да каже - каков приговор да изнесе, како да се спротистави.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сѐ додека дома, еднаш сред бел ден, кога се подена тоа прашање, татко му, предвоен доктор, не си ги избриша мустаќите од неделниот ручек и авторитетно заклучи, како само од себе да се подразбира, но и без приговор: - Се разбира, медицина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ова сакав да биде сфатено како приговор на неговото однесување бидејќи бев со впечаток дека него, за жал, некои битни моменти од моите искажувања го одминуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нескратен, тој приговор би гласел: ‘Тие не сакаат да се помират со тоа дека го убиле Бога, додека ние тоа го признаваме и така сме исчистени од вината.’ Тогаш е лесно да се увиди колку вистина се крие зад тој приговор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Биле принудени од новата религиска заедница, која освен Евреи опфаќала Египќани, Грци, Сиријци, Римјани, а најнакрај и Германи, да слушаат приговор дека го убиле Бог.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Слепецот, во неговиот приговор, се разбира беше тој а водичот таа, и тоа само затоа зашто го беше повлекла за раката да му покаже еден модел во излогот на големата продавачка куќа!.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе