приврши св.

приврши (св.)

И дојде ден кога бригадите од првата смена привршија со работа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Веле се штрекна од Аргировите зборови. Да, скоро ќе приврши и оваа сезона, а тој Веле го нема добиено мајсторското писмо.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Едно утро, кога Мегалон веќе сметаше дека бербата привршува и дека децата ќе се вратат по своите домови, дотрчаа слугите избезумени.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога привршуваа со чатијата, стаса ново писмо од брат му Тане.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Нѐ тераа да вршиме трње, вели, боси нѐ тераа да трчаме по трњето, вели, оптежи, приврши, те удираат, те дупат, јаго, јаго, а крв ти капе од стапалата, оптежи, приврши, нѐ сакатија...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа е како нешто кое во некое ќоше на животот никако не привршува со умирање, како оној човек на Буцати кој, враќајќи се дома ноќе, поминувајќи низ ходникот, згазнува лебарка.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Работата заради која беше пристигнал тука, привршуваше. Се монтираше последната машина. Како што ѝ кажа Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога по неколку дена, откога јас се вратив, без да останам подолго со Агна во С (ја замолив, штом го привршам овој мој проект, а само накусо ѝ кажав за проектот, таа да е при крајот на подготовките за доаѓање кај мене во Маказар) и без да ги видам повеќе од еднаш ќерки ми, дојде екипа стручњаци да го разгледа и да го обележи теренот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Третиот ден, сонцето беше на заоѓање и Јован требаше веќе да привршува со работа за дента.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Горе каптажата се привршуваше, беа бетонирани и завршени сите стопирачки шахти вдолж трасата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Токму во ова време гемиџиите ги привршувале последните подготовки за акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Првата вест е за синоќешниот голем протестен митинг на синдикатите на Македонија... место на настанот... плоштадот... во срцето на Скопје... на снимката од синоќа многу луѓе викаат, меѓу нив и новинарката преминот од колор-стварноста во црно-белиот филм се случува кога новинарката, привршувајќи го својот гласен прилог, е поклопена од уште посилниот глас на еден од демонстрантите: Уа владааа!...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ги докрајчуваш принесените жртви, привршуваш со ритуалот и ладнокрвно ја чекаш конобарката да ти донесе сметка, бомбончиња и влажни марамици.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Што му фали на стариот си реков, па потоа се сетив дека целото столетие, што скоро привршуваше и во кое д-р Астерид го напушти стариот континент беше еден век на истоштувачки војни, непријателства, судири, тортури, масовни истребувања и човечки страдања, невидени дотогаш.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По нивното запознавање јас никогаш не зборував со Сара за брат ми, ниту со брат ми за Сара; само чувствував колку исчекуваа да дојде среда, денот кога нашите врсници се собираа во салонот на Берта, а Зигмунд и Сара остануваа уште долго во нејзината соба, и јас останував покрај нив, како сведок на она што го премолчуваа, и кога знаевме дека собирот во салонот на Берта привршува, тој, таа и јас се качувавме на горниот спрат, се поздравувавме со гостите, го слушавме благиот прекор на Берта што не сме ги удостоиле со своето присуство. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Токму кога привршуваше со бричење на последните преостанати влакненца, замавна незгодно со бричот и му го симна скалпот. Черепот на Х беше отворен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ах, мајче, гледам клопчето привршува и конецот е при крај...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Привршува денот. Во заодот на сонцето, небото над Бел Камен гори во пурпур.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)